Јавна презентација за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план за Градска четврт 9 – за проектот „Купи куќа за млади“

На 7 август 2020 г. со почеток во 9:30 часот во салата на Спомен-домот „АСНОМ“, Општина Кочани организира јавна презентација по измените и дополнувањето на Деталниот урбанистички план за Градска четврт 9, за проектот „Купи куќа за млади“, блок 8 и 9.

Површината опфатена со измената и дополнувањето се наоѓа во југозападниот дел на градот Кочани и изнесува 2,28 ха.

На север границата започнува од точката 12, се движи во југоисточен правец по оската на улицата „1 Мај“ до најисточната точка 10, од каде почнува источната граница која оди по осовината на улицата „Роза Петрова“ до точката 9, каде скршнува и се движи по осовината на Десниот магистрален канал до најјужната точка 2.
Оттаму јужната граница се движи по улицата „1 Мај“ до точката 1, каде оди во западен правец по оската на „Станбена улица“ 9 , сѐ до најзападната точка 14, од каде почнува западната граница оди во североисточен правец по осовината на улицата „Бел камен“, сѐ до почетната најсеверна точка 12.

Во периодот од 4 до 27 август 2020 год. ќе се спроведе повторна јавна анкета за овој план. Во тој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови во писмена форма, кои можат да ги земат во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани, од веб-страницата на Општина Кочани или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам.

Графичкиот прилог од Деталниот урбанистички план е објавен на веб-страницата и на огласната табла пред влезот на Општина Кочани, а подетални информации во врска со урбанистичкиот план можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина, на првиот кат во општинската зграда.

Сподели: