Државниот завод за статистика ги известува заинтересираните лица кои сакаат да се ангажираат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија – 2021, во својство на реонски попишувачи и реонски инструктори дека јавниот конкурс наместо до 5 август ќе трае до 12 август 2021 г.
Заинтересираните кандидати можат да достават електронска пријава, која е достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика, до 12 август.
Кандидатите што ќе се пријават, потребните документи ги поднесуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр. 4, п. фах 506, најдоцна до 16 август 2021 г. или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.