Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае од 21 август до 9 септември

Увиот во избирачкиот список за локалните избори ќе започне на 21 август и ќе трае до 9 септември до 24 часот. Ќе се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, информираа од Државната изборна комисија.

Покрај увидот во Избирачкиот список кој трае за време на распишани избори, ДИК согласно законот четири пати во годината го ажурира списокот, па граѓаните можат електронски 24 часа да ги проверуваат своите податоци. Последното ажурирање е од мај, годинава, а за изборите ќе се користат најновите податоци од Избирачкиот список добиени од Министерството за внатрешни работи

Рокот за пријавувањето на болни и немоќни лица кои гласаат ден пред изборите, е седум дена пред изборите, додека рокот за пријавување на набљудувачите – домашни и меѓународни НВО, претставници на меѓунарони мисии и амбасади, трае до 6 октомври.

ДИК денеска го утврди роковникот на седницата која ја одржа веднаш по добивањето на Решението со кое беа распишани локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Сподели: