Јавни површини се организираат во нови паркиралишта во централното градско подрачје


Јавната површина од јужниот влез на Основниот суд – Кочани е средена за да служи за паркирање.

Овој простор во централното градско подрачје е исчистен од обраснато зеленило и оставени возила и е израмнет, што значи оспособен да функционира како мало паркиралиште.


– Со ова ја продолжуваме акцијата за уредување на јавните површини во паркиралишта кои можат да придонесат за олеснување на движењето по сообраќајниците во Кочани. Во таа насока е и уредувањето на површината кај Железничката станица, под булеварот „Тодосија Паунов“, која е послана со гребан асфалт и може да прифати поголем број возила. Препорачуваме возачите да паркираат на овој простор под булеварот – повикува Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.


Со соодветна сообраќајна сигнализација и патокази што ќе информираат за површините за паркирање, се очекува учесниците во сообраќајот да стекнат навики да не ги запираат или паркираат возилата на коловозите, со што ќе се намалат нередот и застоите во сообраќајот и на улицата „Никола Карев“ кај Основниот суд – Кочани и на булеварот „Тодосија Паунов“.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial