Јавно осветлување на улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани 

Крак од улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани доби јавно осветлување. 

На неодамна асфалтираниот дел од оваа улица се поставени 8 метални столба со ЛЕД-арматури. Улицата „Генерал Апостолски“ ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари, а на овој крак е изградена и велосипедска патека. 

Со цел да се подобри видливоста во вечерните часови на јавно-прометните и сообраќајните површини, Одделението за комунални дејности ќе го зголеми бројот на нови столбови и ќе ги обновува нефункционалните светлики на подрачјето на Кочани. Работите ќе се изведуваат според рамковната спогодба склучена со изведувачот „Електрика“, во вредност од 3 милиони денари. 

Активностите ќе се изведуваат на различни локации, според Програмата за изградба на јавно осветлување на Општина Кочани. 

Сподели: