Јаворка Охомуш најдобар читател за 2019 година, Ана и Лина Мицовски први во категоријата за деца и младинци

По повод 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право, ЈОУ Библиотека „Искра“ ги прогласи најдобрите читатели за минатата година.

Во категоријата за возрасни, најдобар читател за 2019 година е избрана Д-р Јаворка Охомуш, а во категоријата за деца и младинци Ана и Лина Мицовски.

Од библиотека „Искра“ информираат дека за Денот на книгата планирана била  свечена програма, но поради вонредната состојба во државата истата е одложена.

Оттаму додаваат дека наградите на најдобрите читатели ќе бидат доделени во првата прилика, веднаш по стабилизирање на состојбата со болеста КОВИД-19.

И.Матеничарски

Сподели: