Јанушев од Кочани: На граѓаните им е веќе доста од лаги, манипулации и криминал

Пораката што денеска ја добивме од средбите со преставници на бизнис-секторот и со младите од Кочани е дека им е доста од криминалното однесување на актуелната власт и дека наскоро ќе биде ставен крај на тоа, истакна носителот на кандидатската листа во третата изборна единица, Игор Јанушпев, по средбата со членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани.

– Преку глава му е народот, без разлика дали е обичниот народ, дали се стопанственици или младите, доста му е од лагите, манипулациите и криминалот, од Зоран Заев и од Љупчо Николовски. Тие немаат што да понудат освен криминали, наместени тендерии збогатување преку ноќ, а на тоа му доаѓа крајот. По 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе формира и ќе ја предводи владата, а потоа ќе го донесеме законот за проверка на имотот на политичарите. Така ќе видиме кој и дали ќе остане на политичката сцена во Република Македонија. Сето ова што можевме да го видиме во изминатите три и пол години ќе го оставиме во историјата, а дефинитивно сите оние кои се огрешија, сите кои што ги правеа криминалите ќе завршат онаму каде што им е местото, истакна Јанушев.

Тој им вети на младите поддршка од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, посебно во поглед на образованието и вработувањето.

– Се обврзуваме да обезбедиме услови за вработување на повеќе од 50 илјади млади за период од четири години, како и загарантирана работа на 500 најдобри студенти од државните универзитети. Ќе обезбедиме целосни стипендии за постдипломски студии за најдобрите пет проценти од студентите на додипломски студии, а износот наменет за студентски стипендии ќе надмине 10 милиони евра. На младите им треба надеж за подобра иднина и за да останат во државата, да се врати достоинството и конечно ние да се чувствуваме како граѓани од прв ред и горди што сме Македонци, нагласи Јанушев.

Сподели: