Јахи Буши ново засилување на ГФК Осогово

Денес, на еден ден пред почетокот на првиот меч од новата сезона во ВМФЛ Исток , ГФК Осогово се засили со уште еден играч.

Кон “Осогово” пристапи 19-годишниот млад напаѓач Јахи Буши кој доаѓа од редовите на прволигашот Шкупи.

Станува збор за талентиран фудбалер кој минатата сезона за младинскиот тима на составот од Чаир на 16 средби даде 9 гола, па од изминатата зима беше приклучен на првиот тим.

Воедно Буши е седмо и веројатно последно засилување за овој трансфер период. Претходно беа ангажирани Слаѓан Митевски, Глигор Дончев, Димитар Иванов, Илија Далчески и Стојанчо Велинов и Методија Велковски.

Сподели: