Јовиќ: Вложуваме во младите, а не во спомениците


Почитувани сограѓани,

Градиме општини кои се партнери со младите, кои го слушаат нивниот глас и ги следат нивните потреби.
Општина Кочани е една од првите општини во државата што отвори Младински културен центар и во која се формираше Локалниот младински совет, според обврските од Законот за младинско учество и младински политики.

Со уредување на внатрешниот простор во МКЦ се добиваат дополнителни функционални простории за развој на младинскиот активизам.
Од годишниот буџет се планира одделување на средства за Локалниот младински совет, наменети за спроведување активности за младите.
Во соработка со младинскиот совет, преку креирање на локална младинска стратегија и акционен план ќе се утврдувааат  приоритетите за развој на младинските политики.


За еднакви можности на сите млади да се занимаваат со спортот што го сакаат обезбедуваме бесплатен спорт за млади од еднородителски семејства и семејства во социјален ризик.

За вклучување на младите во сите сегменти на општественото живеење даваме поддршка на бизнис-инкубаторите за размена на бизнис-идеи и поддршка за оспособување на млади кадри во дефицитарни струки и профили.
Обезбедуваме субвенционирање на еколошки превоз за млади за со воведување на квота за млади до 29 години.

Општина Кочани продолжува да биде општина во сервис на младите,

Ви благодарам.

Ненад Јовиќ
Кандидат за советник предложен од СДСМ и коалицијата

Сподели: