Јорданчо Костадинов кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од ОК на Чешиново-Облешево

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов е кандидат за пратеник од редовите на партијата во Изборната единица 3.

Иако на 18 место на пратеничката листа тоа за Костадинов и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ претставува укажана доверба и чест.

– Голема е честа, а уште поголема е одговорноста да бидам дел од кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица број 3 и носителот Драган Ковачки. Сакам да се заблагодарам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Македонија Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест, нашиот ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чешиново Облешево да биде дел од најголемата победа. Следува голема победа на народот на Македонија! Следуваат промени кои ќе донесат трансформација на Македонија!, соопшти Костадинов.

Сподели: