Јорданчо Костадинов – Најавувам реконструкција и санација на ДГ „Ѕвездички“ во с. Облешево

Драги мои сограѓани,

За нашите најмали – за нашата иднина!
Со голема радост ве известувам дека наскоро ќе ја реконструираме и санираме детската градинка „Ѕвездички“ во с. Облешево.

Време е децата да имаат топол, безбеден и модерен дом каде ќе растат со насмевка, љубов и грижа. Нема поголема инвестиција од инвестицијата во нашите деца – тие се нашата иднина и сила.

Сите заедно, чекор по чекор, градиме подобро утре.
За нас, за нив, за целата Општина Чешиново-Облешево.

Јорданчо Костадинов, кандидат за градоначалник на Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели: