Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“, на натпреварот „Млади библиотекари“ за 2023 година, првото место го освои Александра Стојанова, IX одд. ученик во ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани , под менторство на наставник Вера Стојкова.

Натпреварот е реализиран по 22 – ри пат, на кој учестваа 11 ученици од сите општински училишта од Кочани.

Победникот ќе ја претставува општина Кочани на Репубичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 12 мај, 2023 година, а домаќин ќе биде ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.
ЈОУБ „Искра“ – Кочани

