ЈОУБ „Искра“ – На 21 февруари одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, утре, среда 21 февруари во 12 часот, ќе се реализира работилница со наслов ,,Мајчиниот јазик- мост помеѓу мене и тебе”.

Ќе учествуваат ученици од основните училишта од Кочани, на македонски, влашки, турски и бошњачки ќе рецитираат, пеат, творат и со својот мајчин јазик ќе се запознаваат.

Со тоа ќе се запознаат меѓу себе не само преку нивниот јазик, туку и преку народната култура и творештво. 

ЈОУБ „Искра“ – Кочани

Сподели: