Во рамки на програмата за одбележување на 8 – ми Март, Меѓународниот ден на жената, ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани приготви богата програма за читателската публика.
Во просториите на библиотеката денеска се одржува еднодневен саем на книгата на издавачката куќа „Сакам книги“. На саемот се изложени насловиод најразлични жанрови по пристапни цени за заинтересираните читатели.
Во рамки на едноднвниот саем на книгата се промовира и делото „Закопана вистина“ на авторот Далибор Трајков. Книгата е прво дело на авторот, по жанр драма поделено на три дела соопшти авторот Трајков.
– Библиотеката „Искра“ во рамки на чествување на Меѓунардониот ден на жената организира низа културни настани. Денеска имаме Саем на книгата на издавачката куќа „Сакам книги“. Утре 7 март со почеток од 18 ч. е закажана промоцијата на две збирки поезија, „Отпуштање“ и „Бакната“ и изложба на накит под тематика „Жената и уметноста“ од Марија Дончева. На 8 март, точно напладне традиционално Литературниот клуб „Копнеж“ ќе одржи литературно читање, истакна Кристина Горгиевска Атанасова, директор на ЈОУБ „Искра“.
ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани веќе традиционално секоја година по повод Меѓународниот ден на жената, 8 – ми Март приредува пригодна програма за одбележување на денот.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов