ЈОУ Библиотека „Искра“ со богата програма по повод Меѓународниот ден на литературата за деца

ЈОУ Библиотека „Искра“ и годинава традиционално го организира Меѓународниот фестивал на децата, книгите и музиката, по повод одбележување на Меѓународниот ден на литературата за деца.

На програмата на библиотеката „Искра“ предвидени целонеделни  настани и случувања, саем на книгата, ликовни работилници, промоција на дела, изложби и едукативни работилници.

Фестивалот започнува в понеделник, 28 март, кога на програмата ќе се најде Саем на книгата на издавачката куќа „Чудна шума“ како и ликовна работилница „Книгите ни даваат крилја да се вивнуваме секој ден“. На првиот ден од отворањето на фестивалот ќе биде промовирано и делото „Ута од планините“ и „Невидливата куќа“ од авторката за деца Билјана С. Црвенковска и илустраторот за деца Ване Костуранов.

Во вторник на програмата на фестивалот е предвидена  Едукативна работилница – „Културното наследство низ детскиот книжен фонд“ на Илинка Атанасова како и промоција на книгата „Моите приказни“ од Киро Донев.

В четврток на 31 март,  Издавчката куќа „Антолог“ организира Саем на книгата. Стручно излагање за есенцијалните вредности на книжевноста за деца ќе има проф. д-р, Кристина Николова, а ќе биде промовирано и делото за деца, „Дете, тоа гордо звучи“ од проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска.

На затворањето на фестивалот, в петок на 1 април,  ќе бидат промовирани делата „Девојчето Тара и волшеното дрво“ на црногорскиот писател за деца Жарко Вучиниќ, а ќе биде отворена изложбата на ликовни творби „Со книгата учам и патувам“ насликани од корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна   попреченост. Во рамки на фестивалот, в петок ќе биде отворена и изложбата на дела на учениците од Школата за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“  – Кочани.

Настаните ќе се организираат во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани и библиотеката „Искра“.

Програмата е дел од Годинашната програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата во областа на литературната  и издавачка дејност на Министерството за култура на Р. Македонија.

Сподели: