ЈОУ Библиотека „Искра“ успешно ја заврши 2020 година, најавени приоритетите за 2021

ЈOУ Библиотека „Искра“ – Кочани успешно ја заврши 2020 година, реализирајки голем  број на културни настани и случувања прилагодени согласно здравствената криза и протоколи.

Во изјава за медиумите, директорот на Библиотека „Искра“, Коце Стојменов истакна дека  годинава што изминува реализирани се неколку промоции на книги, културни настани и манифестации, конкурси и проекти на библиотеката. За годината што следи како приоритет е дигитализација на книжниот фонд , меѓународната соработка како и реновирање на објектот на библиотеката „Искра“.

-Во 2021 година нашите планови се реализирање на неколку позначајни проекти. Меѓу нив е дигиталната библиотека, односно дигитализирање на дел од книжниот фонд. Ќе посветиме повеќе внимание на меѓународната соработка со библиотеки од соседните држави. Во полето на инфраструктурата планирано е реновирање на приземјето на библиотеката како и нова модернистичка фасада со зачувување на афтентичниот изглед на досегашната. Воедно, 2021 година сакаме да ја прогласиме како година на македонскиот роман, стимулурајки ги читателите да посветат поголемо внимание на македонската книжевност, истакна Стојменов.

Како што информираше директорот на Библиотека „Искра“, сите настани кои биле предвидени во 2020 година а не се реализирале поради здравствената криза ќе бидат одржани на почетокот на 2021 година.

Во делот на книжниот фонд , од Библиотека „Искра“ истакнаа дека истиот секоја година се обновува и дополнува со повеќе три илјади примероци различна литература.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial