ЈП „Македонија пат“ – Сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица е целосно во прекин

Сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.
За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Екипите на Ј.П.Македонија пат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот на овој патен правец.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ЈП „Македонија пат“

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial