Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната јулска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 32 крводарител од кои 10 до 30 годишна возраст и двојца првократни дарители.
Акцијата е 12 –та по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.