Успешно реализирана работилницата М1 –„Како да се стекне стабилност за време на промени“.
Работилницата М1 се одржа во спортската сала во Кочани со почитување на сите мерки за заштита и безбедност на учесниците.
Активностите започнаа со воведна презентација на организаторот Јунајтед Јут кој што ја прамовираше својата работа но и преку видео промоција ги престави Ерасмус+ можностите за млади и младински работници. Организаторот ги промовираше проектите на кој што е Е+ партнер и преку кои младите можат да се промовираат пред интернационална средина и меѓународен тим.
Во следниот дел од активностите беше промовирана презентација за успешна комуникација и промоција на информации за време на промени и стекнување на стабилност во процес на ограничен социјален живот и социјализација помеѓу младите. Преку оваа презентација учесниците се доближија до следните методологии:
- Процес на саморефлексија – процесот кој што може да им помогне да го зајакнат своето знаење но и да истражат нови работи за кои се интересираат
- Процес на користење на бележник – методи за запис на работи кои што треба да бидат реализирани но и подобрување на самодовербата и мотивацијата за работа
- Доближување до методот на Јохари – моделот на прозорецот Јохари се користи за подобрување на перцепцијата на поединецот врз другите. Овој модел се заснова на две идеи; довербата може да се стекне со откривање на информации за вас пред другите и учење од нивните повратни информации
- Модел на Вивер – Овој модел го објаснува процесот за тоа како пораката се испраќа од еден до друг извор и се обидува да ја објасни динамиката што трае игра кога две или повеќе луѓе комуницираат заедно
Учесниците со поголемо Ерасмус+ искуство споделија свои лични искуства како Е+ програмата им помогнала да се промовираат пред пазарот на трудот но и да се стекнат со нови пријателства кои што и до ден денеска се активни со одржлив контакт и соработка. Учесниците имаа можност да споделат свои лични искуства со кои се соочиле за време на ограничениот социјален живот но и промовираа животни ситуации со кои се соочиле. Дебатата промовираше идеи и лични искуства кои досега за голем број од младите од Кочани биле анонимни и непознати. Во финалната фаза, учесниците имаа можност да ги проверат своите знаења во областа на финална евалуација учествувајќи во Кахут квиз одговарајќи на прашања поврзани со темата на работилницата.
ЗГ „Јунајтед Јут“ – Кочани