Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената јунска крводарителска акција.
На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 35 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Штип.
– Акцијата е единаесета крводарителска акција што годинава ја спроведува Општинската организација на Црвен крст – Кочани, а шестта во просториите на Црвениот крст. Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата – истакнаа од Црвен крст – Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.
И. Матеничарски