„Ќе помине се“ од Тодор Филипов-Тоше ново музичко ремек дело

Професорот, музичар и композитор  Тодор Филипов-Тоше ја промовираше својата нова авторска композиција „Ќе помине се“.

Песната е видување на авторот за изминативе три месеци, инспириран од моменталната состојба со коронавирусот, преку која тој најавува подобро утре за сите нас. Со композицијата авторот сака да остави траен белег на идните генерации што следат.

Аудио продукцијата на композицијата е на Маријан Стоименов, додека спотот е изработен од Фото „Луна“.

Професорот Филипов е автор и  на песната „Кочани граду мој“ која од 2010 година е официјална химна(песна) на град Кочани, а преку неговата школа за гитара „Ги-То“ голем број генерации од градот ја засакаа гитарата и научија да свират.

И.Матеничарски

Сподели: