Општина Кочани распиша оглас за доделување договор за јавна набавка за изградба на детско игралиште во Трговскиот центар.
На 460 м2, планирани се модерни детски реквизити, хортикултурно уредување со трева и дрвја, урбана опрема и осветлување со пет парковски столба. Се очекува уредувањето на оваа површина добро да се вклопи во новиот амбинет на Трговскиот центар што се создава со реконструкцијата на плочникот и со дополнителните елементи за уредување.
Постапката за јавната набавка ќе се спроведе преку ЕСЈН, а ќе заврши со користење на е-аукција, како последна фаза за доделување на договорот за јавна набавка.
Критериум за избор на најповолната понуда ќе биде економски најповолната понуда која се утврдува врз основа на цената.
Краен рок за поднесување на понудите е 4.5.2020 г. до 11 ч. Проценетата вредност е 1.500.000 денари без ДДВ.
Повеќе информации за понудата можете да најдете тука.