hydroxychloroquine us hydroxychloroquine client ed hydroxychloroquine related rash on external genitalia nursing interventions for hydroxychloroquine

Ќе се уредуваат крошните на дрвјата пред Центарот за култура во Кочани – подготовки за партнерното поплочување на Градскиот парк

Уредувањето на зелените површини во Градскиот парк во кои спаѓа и постојната дрвна растителност е една од позициите во реализацијата на реконструкцијата на овој дел од централното градско подрачје.

Општина Кочани во соработка со стручните служби од Национални шуми „Осогово“ – Кочани, наредниов период ќе ги обликува крошните на дрвјата на просторот опфатен со проектот.

– Во Градскиот парк, во поглед на дрвните видови, има различен тип дрвја за коишто е потребен различен третман. Важно е да напоменеме дека ниеден дрвен вид нема да биде уништен, ниту пресечен, може да има само дислокација на некои дрвја на кои не им е местото овде. За постарите дрвја кои се еден вид симбол, обележје на градот, потребно е обликување, во смисла на поткастрување на гранки коишто допираат кон почвата, а сите други суви гранки кои самото стебло ги има одживеано, ќе бидеме приморани да ги отстраниме. Согласно заложбите на Општина Кочани, сметам дека Паркот ќе биде едно култно место за повеќе генерации, со кое Кочани ќе добие еден нов лик и нов шмек – изјави Орце Димитров, вработен во Национални шуми „Осогово“.

Уредувањето на крошните на дрвјата пред Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се реализира во соработка со комуналните служби од „Водовод“. Поради низата градежни и комунални зафати во Градскиот парк, им се препорачува на граѓаните да бидат внимателни при движењето.

Сподели:
  •  
  •  
  •