„Џинџер“ и „Ауто Велт“ во финалето на Петровденскиот турнир во мал фудбал

Екипите на „Џинџер“ и „Ауто Велт“ ќе се сретнат во финалето на Петровденскиот турнир во мал фудбал по победите над своите противници во полуфиналните средби што се одиграа вечерва.

Екипата на „Џинџер“ беше поуспешна од тимот на „Пролет“ и со победата од 4-1 се пласираше во финалето на турнирот. Тимот на „Ауто Велт“ ја совлада екипата на „Еволушан“ со резултат од  2-0.

Финалето од Петровденскиот турнир е закажано за утре, со почеток од 20 ч. на повеќенаменското игралиште во гимназијата „Љупчо Сантов“ помеѓу екипите на „Џинџер“ и „Ауто Велт“.

Од 19 ч. е закажана средбата за треттото место на турнирот помеѓу екипите на „Пролет“ и „Еволушан“.

На затворањето на турнирот ќе биде прогласен најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари.

Со почеток од 18 ч. на спортските терени во рамки на турнирот ќе биде одигран и Меморијален натпревар во спомен на прерано починатиот сограѓани Благоја Апостоловски – Баки.

Турнирот е во организација на  Општина Кочани, во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС – Кочани). 

И. Матеничарски

Сподели: