ЏК „Гладијатор“ го одбележа 28. Октомври – Светскиот ден на џудото

Џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на џудото, 28 октомври.

Џудо-федерацијата на Македонија и џудо-клубовите од државата преку демонстрација и презентација на џудо вештини се вклучија во светската кампања за одбележување на Светскиот ден на џудото, која годинава  се реализира под мотото „Солидарност“.

-Денес е 28. Октомври, Светскиот ден на џудото. Како сите низ целиот свет така и ЏК „Гладијатор“ од Кочани низ демонстрација и презентација на џудо вештини оваа година го одбележува светскиот ден на џудотото. Годинава од Светската џудо федерација мототот на настанот е „Солидарност“ и под ова мото низ целиот свет се одбележува роденденот на Џигоро Кано кој е таткото на џудото во светот, истакна Драган  Шеќеровски од „Гладијатор“.

Денес, повеќе од 40 милиони луѓе се дел од големото џудо-семејство во светот. Светската џудо-федерација (ИЏФ) има 200 национални федерации-членки, меѓу кои и Македонија како и 5 континентални сојузи.

Сподели: