Викендов во Кочани во техничка организација на ЏК „ГЛАДИЈАТОР“ од Кочани во салата во ООУ Малина Попиванова се оджржа полагање за ученички појаси.
Клубот организатор полагањето го изведе во салата каде се одвиваат тренинзите за џудо, со поставени татами – растојание од два метра согласно протоколите за заштита од КОВИД.
На полагањето учествуваа 25 натпреварувачи, членови на „Гладијатор“ од Кочани кои се здобија со појаси од 2 KYU син појас до 8 KYU бело-жолт појас.
Џудо клубот имаше три члена во клубската комисија која работеше во следниот состав : Драган Шеќероски- 3 ДАН член на ДАН комисијата при ЏФРСМ, Киро Здравески -1 ДАН член и претседател на ветераните, како и селектор на ветераните на МАКЕДОНИЈА со почесен мајсторски појас 5 ДАН, Вера Шеќероска -1 КYU претставник на ДАН комисијата, м-р Дејан Мицкоски 2 ДАН и поканет и присутен претседателот на ДАН Комисијата г-дин Ѓуро Илиќ 6 ДАН, кој воедно учествуваше на полагањето и доделувањето на дипломите.
На овој спортски настан, домаќинот и организатор имаше обезбедено лекар кој присуствуваше на полагањето. Тоа беше докторот на клубот кој воедно е и член на лекарската комисија при ЏФРСМ, г-ѓа Едита Минова.
Соопштение за медиумите на ЏК „Гладијатор“