Џудистите на „Гладијатор“ освоија девет медали на Државното првенство во џудо за деца и пионери во Кавадарци

Џудо федерацијата на Република Македонија во неделата во Кавадарци организираше Државно првенство во џудо за деца и пионери.

Од ЏК „Гладијатор“ – Кочани на првенството учествуваа 11 натпреварувачи кои освоија вкупно 9 медали.

Првото место и златни медали  освоија Матео Станоев и Габриел Станоев, второпласиран беше Томислав Ристов, додека на третото се најдоа Марко Максимов, Милан Станоев, Ефтим Атанасов, Андреја Стојанова, Наталија Лазарова и Дамјан Митев

Без медал, но солиден настап имаа џудистите Лукас Георгиев и Петар Новков.

ЏК „Гладијатор“ – Кочани

Сподели: