Во организација на Џудо федерацијата на Македонија во неделата во Прилеп се одржа Државното првенство во џудо за пионери и сениори на кое настапија околу 160 натпреварувачи од повеќе џудо клубови од Македонија.
Кочанскиот Џудо клуб „Гладијатор“ со своите џудисти имаа плодно првенство и се закитија со две трети и четири петти места. Најуспешни беа џудистките Стефанија Павлова и Андреа Минов кои во силна конкуренција освоија трето место во своите категории, додека Христијан Павлов, Дамјан Крстов, Станислав Грпов и Горан Терзиски изборија пласман за петто место.
Следната недела џудистите од Кочани патуваат на Државното првенство за млади пионери и јуниори што ќе се одржи во Кавадарци. Воедно д Џудо клубот „Гладијатор“ упатија благодарност до компанијата „Анфенол“ која е нивен поддржувач.
Државното првенство беше во техничка организација на Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп.
И.Матеничарски