Во организација на Џудо федерацијата на Македонија денеска во Кавадарци се одржа Државно првенство за кадети и кадетки во џудо.
На првенството настапија пет натпреварувачи од ЏК „Гладијатор“ во конкуренција на 80 џудисти од клубови од целата држава.

Пласман:
Станислав Грпов 2 место
Стефанија Павлова 3 место
Ненад Максимов 3 место
Марко Максимов 4 место.
Без пласман остана Матео Станоев.
Сите натпреварувачи покажаа одлични борби на што можеме да се гордееме – соопштија од ЏК „Гладијатор“.
ЏК „Гладијатор“

