Џудисти од ЏК „Гладијатор“ учесници на едукативен тренинг во Битола

На ден 24.08 (вторник) во Битола, во заедничка организација на ЏФМ предводена од Ѓуро Илиќ (6 ДАН) и селекцијата на ветерани при ЏФМ предводена од селекторот Киро Здравески се одржа едукативен тренинг. На истиот претставниците на ДАН Комисијата одржаа едукативна презентација на техниките содржани во програмата за полагање за мајсторски (ДАН појаси).

Претставниците од ветераните презентираа свои видувања и начини на изведување на некои џудо техники.

Оваа соработка има интенции да продолжи и во иднина по другите џудо центри, со единствена цел анимирање и вклучување на се повеќе џудисти и симпатизери на џудо спортот чиј што развој бележи нагорна линија.На овој едукативен тренинг присуствуваа следните клубови од нашата федерација :

ЏК Сеишин Прилеп
ЏК Прилеп Прилеп
ЏК Санкаку Прилеп
ЏК ГЛАДИЈАТОР КОЧАНИ
ЏК Пелистер Битола
ЏК Рудар М.Каменица

ЏК ГЛАДИЈАТОР КОЧАНИ

Сподели:
  •  
  •  
  •