Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани денес одпочна со своите тренинзи и целосно запазување на протоколите со растојание од 1,5м., дезинфекција на членовите ,мерење на телесна температура како и маски за заштита на секој член.
Покрај членовите на тренингот присутни беа претседател-проф Вера Шеќероска доктор-др Едита Минова која воедно е доктор на клубот и член на лекарската комисија при ЏФРСМ која имаше и свое обраќање до членовите на клубот по однос на протоколите за заштита од КОВИД-19.
Тренинзите ќе се одвиваат на отворено секој Понеделник, Среда и Петок со почеток во 18.15 часот во дворот на ООУ „Малина Попиванова“ во Кочани.
ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ ….
Џудо Клуб „Гладијатор“ – Кочани
Тренер-Драган Шеќероски 3 ДАН.