Џудо клуб „Гладијатор“ го одбележа Светскиот ден на џудото

Џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани со мало задоцнување денес го одбележа Светскиот ден на џудото заедно со своите спортисти и со дел од управата на клубот.

Покрај членовите на управата присутни беа и подржувачите на овој спорт и помагатели на „Гладијатор“, компанијата „Амфенол“ Кочани. Покрај тоа присутни беа и членови на ЏФРСМ НА ТЕЛАТА И КОМИСИИТЕ.Имаше претставник на Натпреварувачката Комисија,проф.Вера Шеќероска,на лекарската Комисија др.Едита Минова,од комисијата за регистрација на клубови г-дин Ванчо Митев и член на надзорниот одбор г-дин Борче Павлов.

На присутните се обрати и директорот при ООУ„ Малина Попиванова“ г-дин Благој Петров и на џудистите им го честиташе денот на џудото.

Џудо клуб „Гладијтор“ Кочани

Сподели: