Во Ветеринарна клиника „Здравје“ бесплатно чипирање на домашни миленици до крајот на декември

Граѓаните сопственици на кучиња и мачки имаат можност бесплатно да ги чипираат своите домашни миленици до крајот на декември, во рамки на кампањата на Агенцијата за храна и ветеринарство  за масовна идентификација и регистрација на домашни миленици.

Од  Ветеринарната клиника „Здравје“ Облешево  информираат дека имаат доволен број на чипови за идентификација, а по Нова година апликацијата на чиповите ќе се наплаќа согласно утврден тарифник.  Од таму додаваат дека извршената услуга за апликација  чини 200 денари,а  миленикот потребно е да е вакциниран против беснило  и да поседува пасош за домашен миленик.

Агенцијата за храна и ветеринарство и други инспекциски служби по Нова година ќе вршат зајканати  контроли и парично ќе ги санкционираат сопствениците кои не го идентификувале својот домашен миленик.

Преку идентификацијата се воспоставува единствен регистер на домашни миленици заради водење евиденција за сопственоста на миленикот, како и начин за  соодветна санкција на сопствениците кои ги напуштаат своите миленици.

И.Матеничарски

Сподели: