Полицијата презема мерки во врска со ширењето на видео материјал со недолична содржина од СОУ „Гошо Викентиев“

На 06.08.2021, полициски службеници од ОВР Кочани, во кооординација со Јавен обвинител, во полициска станица е повикана Н.Н.(26) од с.Соколарци, кочанско, во врска со ширење на видео материјал со недолична содржина, односно поради сомнение за сторено кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 и „посредување во вршење проституција“ по член 191 од Кривичниот законик.

Во присуство на адвокат со неа е извршен службен разговор, при што Н.Н. изјавила дека видеозаписите биле направени со намера да бидат испратени преку „Фејсбук“ на друго лице, за што на неа требало да и бидат исплатени пари. По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: