Пониква преполна со гости

Снегот и сонцето беа доволен предизвик за неколку  стотици граѓани денес да го посетат  СРЦ „Пониква“ и да уживаат во снежната идила, што ја нудат  Осоговските планини.

Пистата на спортскиот аеродром на „Пониква“ беше претесена да ги собере сите возила кои пристигаа скоро од целата држава.  Љубителите на зимските спортови ја искористија малата снежна покривка за да скијаат, санкаат или едноствано да уживаат во убавините на планината.

Во ресторантските капацитети се тражеше место повеќе, за добра храна или топол пијалок, а угостителите се надеваат дека сезоната сеуште не е завршена и очекуваат уште многу вакви денови. Оттаму информираат дека сместувачките капацитети во овој период се речиси полни, а сето тоа се должи на снегот кој паѓаше изминатава недела.

Поради зголемен проток на возила на местото „Белска“ крстосница забележано беше присувство на сообраќајната полиција, а патот до туристичкиот центар е целосно прооден.

И.Матеничарски

Сподели: