По 11-ти пат ревијален кошаркарски натпревар на учениците и професорите од „Љупчо Сантов“

По единаесети пат учениците и професорите од кочанската гимназија ги одмерија силите на ревијалниот кошаркарски натпревар, чиј носител беше Младинската организација „Единство“ при  СОУ „ Љупчо Сантов“. 

За првпат учениците  и професорите во мешани екипи на  „црвени“ и „бели“, одиграа неизвесен натпревар, во кој на крајот со пресврт поуспешна беше „црвената“ екипа со резултат 65:59.

Покрај натпреварот, за време на паузите со музичка точкa се претставија Теа Стојановска и Христијан Стоимилов, Љупка Јорданова и Ана Ѓоргиевска, Јован Стојанов како и професорот по хемија Драги Јакимов. За целосно уживање на публикaта ритмички перформанс изведоа и членовите Urban crew Stip и DJ Fave.

Од  М.О „Единство“ се заблагодарија на сите учесници на натпреварот,  како и на публиката за посетеноста на овој традиционален предновогодишен настан.

И.Матеничарски  

Сподели: