Прехрамбени пакети за социјално загрозените семејства од Чешиново-Облешево

Градоначалникот на Општина Чешиново- Облешево, Горанчо Крстев во пресрет на новогодишните празници подели 50 прехрамбени пакети за социјално загрозените семејства од Општина Чешиново – Облешево.

„ Со овој вид на хуманитарни активности сакаме да им помогнеме на нашите сограѓани во период кога трошоците за празниците се и најголеми. Сакам да истакнам дека посветено ќе работиме на помагање на овие социјално загрозени семејства, не само преку доделување хуманитарни пакети, но и во создавање услови во иднина овие семејства да дојдат до приходи врз основа на кои што сами ќе можат да се издржуваат. Наша основна цел е справување со сиромаштијата и намалување на социјалниот ризик како и да го подигнеме локалниот економски раст во општината а следствено на тоа да овозможиме креирање на нови работни места кои се основа за подигање на стандардот на населението“- изјави Горанчо Крстев , Градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.

Прехрамбените пакети се обезбедени со средства од буџетот на Општина Чешиново- Облешево.

Сподели: