Со вакцината на АстраЗенека од утре започнува имунизацијата на населението во вакциналните пунктови на болницата во Кочани

Со вакцините на прозиводителот АстраЗенека од утре започнува имунизацијата на населението во двата вакцинални пунктови во Општата болница со проширена дејност – Кочани.

Вакцината први ќе ја примат лицата над 75 годишна возраст кои се пријавени преку електронскиот систем за пријавување за вакцинација.

Како што информираше директорот на Општата болница со проширена дејност – Кочани, Д-р Александар Серафимов вакцините се пристигнати, а болницата и медицинскиот персонал е  подготвен и обучен за старт на имунизацијата. Пунктовите ќе работат во периодот од 08 ч. до 14:30  ч. а пријавените граѓани ќе се вакцинираат по претходно утврден термин.

Капацитетот на модуларната болница за нега на ковид пациенти е целосно исполнет. Во неа се лекуваат 35 пациенти од кои 15 се на кислородна поддршка. Пациенти се хоспитализираат и на пренаменетото одделение на физикална медицина каде се третираат лица  со полесна симптоматологија. Општата болница со проширена дејност – Кочани во моментот располага со доволен број на болнички кревети, бидејки доколку се јави потреба на располагање ќе се стават и дел од интерното одделение и хирургија.

Според последниот извештај на Министерството за здравство во Кочани активни се 237  случаи на заразени лица.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: