Татко и син нападнати кај комплексот „АСНОМ“ во Кочани

Татко и син биле нападнати од тројца жители на Кочани, по претходна вербална расправија што се случила кај комплексот „АСНОМ“.

Поради ова Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(35), М.Р.(38) и Е.З.(23), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.

На 11.02.2020 околу 16.00 часот кај комплекс,,АСНОМ“ во Кочани, оштетениот Н.Р.(53) од Кочани, со патничко возило ,,цитроен“ пристигнал да го земе неговиот малолетен син, кој претходно му испратил порака дека бил нападнат од пријавените, по што истите физички го нападнале и оштетениот.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: