Тешко повреден пешак во Кочани

Во петокот во 10,50 часот во Кочани, на крстосницата од улиците „Теодосија Паунов“ и „Крсте Мисирков“ автомобил „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Ј. на 49 години од Оризари,кочанско, удрило во пешакот Т.Т. од Кочани.

Седумдесет и петгодишнит Т.Т. се здобил со тешки телесни повреди, а лекарска помош му е укажана во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на лице место извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

Сподели: