Црвен крст Кочани за в вторник најави младинска крводарителска акција

Општинската организација на Црвен крст – Кочани ги повикува сите млади лица да се вклучат во младинската крводарителската акција која е закажана за в вторник, 20.04.2020 год. во Градската сала во Кочани.

„Почитувани средношколци, студенти и млади лица,

Општинската организација на Црвен крст Кочани Ве поканува да земете учество на младинската крводарителската акцијата што ќе се одржи следниот вторник, на 20 април со почеток од 09:00 до 14:00 ч. во Градската сала во Кочани.

Во време на кризна ситуација кога социјалната дистанца претставува нова нормала, потребно е да се потсетиме на важноста на солидарноста и дарежливоста.
Мал гест како дарување на крв може да направи голема промена во животот на лицата на кои крвта им е потебна, особено во пандемијата со Ковид 19.

За таа цел ги покануваме сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица, да се вклучат во акцијата и со хуман гест на крводарување да придонесат во обезбедување на доволно количество на крв и крвни продукти во услови на пандемија со Ковид-19.

Крводарувањето значи ЖИВОТ!

Ве очекуваме.

Акцијата ќе се спроведе согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19, со мерење на телесна температура, дезинфекција и одржување на дистанца при крводарувањето, а секој крводарител ќе добие заштитна маска обезбдена од организаторот“, стои во повикот на Црвен крст – Кочани.

Сподели: