Црвен крст Кочани ја спроведе мартовската акција за дарување крв

Денес во просториите на Црвен крст Кочани се одржа редовната крводарителска акција наменета за граѓанството на која се собраа петнаесет единици крв. Истата се спроведе со поддршка на Институтот за трансфузиона медицина од Штип.

На крводарителсакта акција беа почитувани насоките од Министерството за здравство за одржување на социјална дистанца, а дарителите на крв влегуваа по претходно утврден ред, но не повеќе од два  дарители во просторијата за дарување.

Крводарителските акции не се редуцирани поради вонредната состојба, бидејки резервите од крв  на локално и национално ниво мора да бидат стабилни.

Граѓаните имаат можност да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој четврток во  Службата за трансфузиона медицина при Општа болница Кочани.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: