Општина Кочани во соработка со Шумското стопанство „Осогово“ денеска ја реализираа акцијата за пошумување на околината кај Градската депонија во Кочани, во подножјето на Осоговските планини.
Граѓани, вработените во Локалната самоуправа, јавните претпријатија, членовите на Советот на општината како и волонтери од Црвениот крст и Извидничкиот одред „Ластовица“ масовно се вклучија во акцијата за обновување на шумскиот фонд.
Засадени беа 1 500 стебла бор обезбедени со поддршка на ЈП „Национални шуми“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На пошумувањето присувствуваше Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, како и Министерот за земјоделство Трајан Димковски.
Акцијата е една од мерките што општината ги превзема во врска со аерозагадувањето кое е актуелно изминатиов период.