Дедо Цане од село Бурилчево е најстар жител во Општина Чешиново Облешево.
По повод 101-от роденден во саботата неговиот дом го посети градоналачникот Горанчо Крстев, кој со подароци и искрени желби за добро здравје му го честиташе роденденот.
При посетата најстариот жител на Чешиново-Облешево раскажуваше за неговот животен пат, кој несебично сподели многу совети и искуства и им посака на сите да доживеат како неговата старост.
И.Матеничарски

