Интернет порталот Гласно.мк од овој петок започнува со објавување на 101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 во серијалот „Секој петок по една“, приказни од книгата „Погреб со смеење“ на професорот по Македонски јазик и литература, м-р Доне Донев.
Приказните се вистинити случки на авторот во кои директно учествувал, а добар дел ги има слушнато и запишано на хартија. Станува збор за интересни хумуристични и вистинити настани од Кочанското поднебје, создадени од наши сограѓани, роднини, пријатели и познаници, во кои голем дел ќе се препознаеме и познаеме некого.
Делото „Погреб со смеење“ 101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА е објавено во 2019 година од м-р Доне Донев. Сите заинтересирани што сакаат да ја купат книгата, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.
Објавувањето на приказните започнува од овој петок 15-ти мај, на интернет порталот Гласно.мк
И.Матеничарски