10,6 милиони денари од Светска банка за регулација на дел од коритото на Кочанска Река

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска во Министерството за финансии го потпиша договорот за вториот грант од проектот Подобрување на општински услуги, за реализација на проектот „Регулација на коритото на дел од Кочанска Река“.

– Добивме 10.614.838 денари, грант од Светска банка што е уште една потврда за транспарентното и отчетно управување со финансиите од страна на Општина Кочани. Со проектот естетски ќе се обликува дел од речното корито, пешачките патеки покрај кејот и уредувањето на просторот ќе се вклопат во урбаната средина на Кочани и ќе се даде континуитет на регулацијата на реката во централното градско подрачје. Со други зборови, добивме неповратни средства за да уредиме ново место за рекреација, прошеткаи уживање во природата – соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Со потпишувањето на Договорот во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги за асфалтирање на шест улици во градот Кочани и петво населените места,  Општина Кочани се стекна со право на искористување на грант во висина од 27% од искористените средства.Според резултатите од изработената Урбана ревизија како приоритетен за реализација беше утврден проектот „Регулација на дел на  Кочанска Река“.

Според проектот, ќе се регулира и уредува делот од Кочанска Рекасеверно од последниот сообраќаен мост спротиводно од текотна реката во должина од 451 м, каде што постои намалена пропусна способност на реката поради зараснатост со вегетација, но и од импровизирани објекти и премини.

Проектот опфаќа изградба на кејски ѕидови на дел од коритото, пешачки патеки во и надвор од речното корито, бетонски скали, осветлуваање и урбана опрема. Општина Кочани, со одлука на Советот учествува со кофинансирање во висина од 4,6 милиони денари. Општинските служби најавуваат дека по подготовката на тендерската документација, наскоро ќе биде објавен и јавниот повик за избор на изведувач.  

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial