„Секој петок по една“ – На пат за Дубровник

101 КОЧАНСКА (НЕ)ЗГОДА…+1 се интересни хумуристични случки од Кочанско, напишани во  делото „Погреб со смеење“ на м-р Доне Донев.  Сите ликови и настани во (не)згодите се вистинити и се имаат случено. Интернет порталот Гласно.мк ги објавува во серијалот „Секој петок по една“ со дозвола на авторот.

На пат за Дубровник

Меѓу Мечо и Драги Тр

Пишува: Доне Донев

Патувавме за Дубровник. Поточно за Требиње.

Требаше да одиме на фестивал на југословенската аматерска драма. Пред да отидеме за Требиње се договоривме да го посетиме Дубровник. По патот само се шегувавме.

Најмногу се смеевме од Мечо. Природно надарен Ром. Талентиран. Во еден момент Драги Тр. којшто исто така е мошне креативен, пишува поезија, драми, наградуван актер и што ли уште не, сакајќи да го пофали Мечота, му рече:

-Мечо, денеска сите мои комплименти се само за тебе.
Мечо се направи божем не знае што се тоа комплименти и ме праша да му кажам што се тоа комплименти.

Јас реков оти Драги Тр. му пцуе сè по список, при што Мечо божем изнервирано почна да вика:

-Компименти на мајка ти, коплименти на татко ти, на брат ти, на сестра ти и на сите по список./крај

Сите заинтересирани читатели што сакаат да се снабдат со книгата „Погреб со смеење“, може да се пријават во коментар или во порака на фејсбук страницата на интернет порталот Гласно.мк.

Адаптација: И.Матеничарски

Сподели: