Командантот на касарната „Јане Сандански“ – Штип на средба со градоначалникот Илијев

Денеска, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев оствари средба со командантот на касарната „Јане Сандански“ – Штип, потполковник Стојанче Костов и подофицерот за односи со јавноста Димитар Јанев.

Целта на посетата беше да се воспостави непосреден контакт со високите претставници на 2. пешадиски баталјон, во чија зона на одговорност припаѓа и Кочани.

Според градоначалникот Илијев, на средбата, начелно се дефинирани цели и задачи за заедничко дејствување и соработка што може да биде од корист на граѓаните на овој регион.


Сподели: