11-годишно девојче од Кочани е бремено во шестиот месец

Единаесет годишно девојче е бремено во шестиот месец. Девојчето на 24 јануари е однесено во Берово од центарот за социјална работа во Кочани. Неофицијално, таткото е 19 годишен, а случајот се води како силување. Пред две и пол недели во 22 часот вечерта, кочанската полиција го задржала деветнаесетгодишниот Е.А. поради постоење сомнеж дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило четиринаесет години.
За ова дело, казниво според членот 188 став 1 од Кривичниот законик, минималната пропишана казна е 12 години затвор.

Девојчето живеело со својата мајка, која незабележала дека ќерка ѝ е бремена, а тоа го забележале луѓе од училиштето, по што девојчето било однесено на гинеколошки преглед.

Ученичката моментално е згрижена во мал групен дом. Девојчето е во одмината бременост, шест месеци бремена.

Сподели: