11 Ротари Конференција за професионална ориентацијa на средношколци

Во организација на Rotary Club “Kamen Most-Skopje” и коорганизација на Rotary CLUB Kochani-Vinica и Rotary Club Veles, во Сабота, 8 април 2023 г., под мотото “Гласот на изборот” во Меѓународното училиште НОВА успешно се одржа 11 Ротари Конференција за професионална ориентацијa на средношколци.

Ротари Клуб Кочани-Виница традиоционално е коорганизатор на овој настан и оваа година беше обезбедено присуство на 50тина средношколци од Кочани и Виница на оваа конференција.

Им благодариме на директорите на Средните училиште од Кочани и Виница за помошта при организацијата на учениците како и на професорите кои ги придружуваа учениците и секако на самите ученици за присуството и значајното учество.

Веруваме дека целта е постигната и им помогнавме во една најбитните одлуки во животот, изборот на нивната професионална определба.

Ротари – клуб Кочани – Виница

Сподели: